Top Sport

Телемадрид: Модриќ ја одбил понудата на Реал

Лука Модриќ, пред еден месец, изјави дека сака кариерата да ја заврши во Реал Мадрид, но како што пренесува „Телемадрид“, тој одбил да потпише нов договор со „кралскиот клуб“.

Најдобриот фудбалер во 2018 година, има договор со Реал до јуни 2020 година, а според „Телемадрид“, одбил да потпише нов бидејќи бил разочаран од условите што му ги понудил Флорентино Перез.

Наводно тој решил да почека подобра понуда од Реал или од некој друг клуб. Според актуелниот договор, Хрватот, годишно заработува шест и пол милиони евра.

„Телемаркет“ пишува дека Реал на Модриќ му нуди продолжување на договорот за една година и плата од осум милиони евра.

Во летниот преоден рок Интер беше заинтересиран за Модриќ, меѓутоа Флорентино Перез не го одбори тој трансфер. Интер на фудбалерот му нудел 40 милиони евра за четири години.

Scroll to Top