Top Sport

Дански репрезентативец пред портите на „Ноу Камп“

Барселона доби дозвола од Ла Лига да донесе нов играч на местото на повредениот Усман Дембеле. Неколкумина играчи се поврзуваат со Барселона од Лорен Морон и Вилијан Жозе, преку Кристијан Стуани и Анте Будимир, до Анхел од Хетафе.

Анхел е најдобриот шпански стрелец во ла Лига оваа сеозна. Тој има постигнато десет гола, од кои еден токму против Барселона.

Сепак, барем како што тврди „Мундо Депортиво“ изборот на Барселона ќе биде вистинско изненадување. Овој извор објави дека челниците на Барселона го финишираше трансферот на Мартин Брејтвајт од Леганес.

Станува збор за репрезентативец на Данска кој во досегашниот дел од сезоната одиграл 24 натпревари на кои постигнал шест гола. За неговиот трансфер Барселона ќе издвои седум милиони евра.

Брејтвајт има 28 години, а во кариерата настапувал за Мидјиланд, Есбјерг, Тулус, Мидлсброу и Бордо.

Scroll to Top