Top Sport

Почина Хери Грег, легендарниот голман на Манчестер Јунајтед

Легендарниот голман на Манчестер Јунајтед, еден од играчите што ја преживеаја трагедијата во Минхен во 1958 година, Хари Грег, почина на 87 годишна возраст.

Грег бил еден од хероите на минхенската трагедија, во која настрадаа 23 лица, меѓу кои осум фудбалери на Манчестер Јунајтед.

Тој во Минхен од сигурна смрт ги спасил соиграчите Боби Чарлтон, Денис Вајолет и Џеки Бланчфлауер, тешко повредениот тренер Мат Бесби и бремената сопругата и 20 месечната ќерка на еден југословенски дипломат.

За херојството што го покажал на 6 февруари 1958 година во Минхен, Грег добил титула витез во Велика Британија.

Починал во кругот на семејството.

Грег во 50 години од минатиот век бил најскапиот светски голман. Мат Бесби в 1957 година платил 23.000 фунти за неговиот трансфер. Тој бил прогласен за најдобра голман на Светското првенство во Шведска во 1958 година.

Scroll to Top