Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска, Каспер Хјулманд, објави кои играчи ќе ја претставуваат земјата на ЕУРО 2020.
Данска на шампионатот ќе се натпреварува во Б-групата со Финска, Белгија и Русија. Целта на Данците на ЕУРО 2020 е да ја мина групата и да е пласираат во осмина-финалето.
Данска е составена од играчи кои настапуваат низ Европа, само четврица на спискот на селекторот, играат во домашното првенство.
Данска е европски првак од 1992 година, на ФИФА листата се наоѓа на 10.место.
Составот на Данска:
Голмани: Каспер Шмајхел (Лестер), Фредерик Рјонов (Шалке), Јонас Лесл (Миткиланд)
Одбрана: Симон Кјер (Милан), Андреас Кристенсен (Челси), Јаник Вестергард (Саутемптон), Јоаким Мехле (Аталанта), Јенс Стиргер Ларсен (Удинезе), Јоаким Андерсен (Фулам), Даниел Вас (Валенсија), Маријас Занка (Копенхаген), Николај Бојлесен (Копенхаген)
Среден ред и напад: Кристијан Ериксен (Интер), Томас Дилејни (Дортмунд), Пјер Емил Хојберг (Тотенхем), Крстијан Норгор (Бретнфорд), Матијас Јенсен (Брентфорд), Андреас Кристијансен (Малме), Мартин Брејтвајт (Барселона), Јусуф Поулсен (Лајпциг), Јонас Винд (Копенхаген), Каспер Долберг (Ница), Андреас Корнелијус (Парма),, Андреас Сков Олсен (Болоња), Микел Дамсгард (Сампдорија), Роберт Сков (Хофенхајм).