Поранешниот англиски фудбалер, Дарен Бент е уапсен во својот дом по расправија со својата сопруга, откако ја начекал со друг маж во нивниот дом.
Според британскиот таблод „Сан“, 35-годишниот поранешен напаѓач на Тотенхем и Астон вила во во 6 часот наутро, пристигнал во својот дом и видел туѓ автомобил паркиран, по што му било кажано дека неговата сопруга Кирсти Мекларен е дома со друг маж. Тој почекал мажот да си замине, по што пристигнал дома, а откако била повикана полицијата, тој бил уапсен.
Ова не е прв момент во „сагата“ на Бент и неговата сопруга – тој наводно ја мамел Мекларен неколку дена пред таа да се породи со нивните близнаци, Лука и Ева Самер.
Бент во моментов е играч на Дерби каунти, но игра во третолигашот Бартон албион како позајмен фудбалер. Тој се ожени со Мекларен во 2013 година.