Top Sport

Бензема оваа сезона е подобар од Роналдо! Хет-трик за победа над Билбао (видео)

Карим Бензема постигна хет-трик за да стигне до фантастична бројка од 21 голови во Ла лига оваа сезона за да ги предводи Реал Мадрид до 3:0 победа над Атлетик Билбао.

Французинот со оваа цифра од 21 лигашки гол, интересно е пред Кристијано Роналдо, кој оваа година има 19 голови во Серија А за Јувентус.

По тесното прво полувреме со малку шанси, Бензема беше прецизен во 47., 76. и 91. минута за да ја донесе 20-тата победа за тимот на Зинедин Зидан оваа сезона, со која тие се сигурно на третото место во Ла лига со 64 поени, четири помалку од Атлетико Мадрид на второто место, но и 10 пред Хетафе на четвртото место.

Scroll to Top