Top Sport

Дарен Бент: Видиќ ќе те „искршеше“, па веднаш ќе ти се извинеше

Поранешниот напаѓач на Тотенхем, Сандерленд и Астон вила, Дарен Бент го посочи „ужасниот“ Немања Видиќ како најтежок противник во својата кариера.

Бент во својата кариера имаше 276 настапи во Премиер лигата, постигнувајќи 106 голови и признава дека дуелите со српската легенда на Манчестер јунајтед, Видиќ, биле едноставно супер-тешки.

„Кој беше најтежок противник? Веднаш ќе ви кажам без да размислувам – Видиќ. Ужасен. Солиден, цврст и веднаш те фаулира. Но, знаете што беше најсмешно? Секогаш кога ќе те удреше со колено во грб на пример, ќе дојдеше и ќе кажеше: ’Извини, Бенти, извини’. И ќе го повтореше тоа четири пати. Искрено беше навистина добар. Со Рио Фердинанд имаа фантастично партнерство“, вели Бент.

Scroll to Top