Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е нов фудбалер на Барнли. Тој во текот на денешниот ден ги мина медицинските прегледи и потпиша договор со клубот од Чемпионшип.
Барнли на Штутгарт ќе му исплати 3,5 милиони евра, а дополнителни 1,5 милиони евра се врзани преку бонуси. Дарко Чурлинов лично има многу подобри финансиски услови во англискиот клуб.
Менаџерот на Барнли, Винсан Компани, беше човекот кој успеа да го убеди Дарко Чурлинов да ја напушти Бундеслигата и да се пресели на Островот. Се очекува македонскиот репрезентативец брзо да ја има и официјалната промоција во новиот клуб.
X News #Churlinov: DONE DEAL with @BurnleyOfficial now. He has signed his contract a few minutes ago. Medical done. @SkySportDE ?? https://t.co/dptY95ltkC
— Florian Plettenberg (@Plettigoal) August 19, 2022