Дарко Мицевски (26) договори соработка со македонскиот вице-првак Вардар. Мицевски потпишал едногодишен договор, со можност истиот да биде продолжен на уште две години.
Мицевски зад себе има долга интернационална кариера, тој настапувал во екипите на ОФК Белград, Нови Пазар, Слобода Ужице и Минск, а во Вардар дојде од редовите на Ал-Неџмех од Либан. Во Македонија играл во Работнички и Тетекс. Тој е поранешен младински репрезентативец на нашата земја, а ги минал сите младински категории на Вардар.
„Чест ми е и задоволство што ќе играм во дресот на Вардар. Понудата ја прифатив без размислување, и во следниот период ќе дадам се од себе прво да се наметнам и да ја оправдам довербата, а потоа да атакуваме на двојната круна. Малкумина знаат дека јас потекнувам од овој клуб, играв во сите младински категории во Вардар, и ми е многу драго што повторно се враќам во клубот во кој настапував како дете. Од Вардар секогаш се бараат само успеси и само титули. Исто така очекувам успешно да го презентираме клубот и во Европа, како што тоа беше минатата сезона кога Вардар се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа. Прво треба да се изгради екипата, да се воигра добро, а потоа сите заедно да дадеме се од себе да донесеме успех за тимот“, изјавил Мицевски за клупската интернет страница.