Top Sport

Дармијан ги однесе Интер во полуфиналето на Копа Италија

Интер се пласираа во полуфиналето на Копа Италија, откако на „Сан Сиро“ успеаја да стигнат до минимална 1:0 победа над Аталанта, обезбедувајќи меч против подобриот од дуелот меѓу Јувентус и Лацио.

Човек на одлука за тимот на Симоне Инзаги беше Матео Дармијан, кој го постигна единствениот гол на мечот во 57. минута од тешкиот меч против упорниот противник по одличната асистенција на Лаутаро Мартинез.

Во другите две четврт-финалиња се среќаваат Кремонезе и Рома, односно, Фиорентина и Торино.

Scroll to Top