Top Sport

Дармијан од Манчестер јунајтед се сели во Наполи

Незадоволниот Матео Дармијан конечно доби можност да го напушти Манчестер јунајтед. Играчот кој подеднакво добро игра на двете бековски позиции ќе го засили Наполи.

„Кориере дале сера“, пишува дека Дармијан ќе потпише четири годишен договор, а ќе заработува 3,5 милиони евра годишно.

Манчестер јунајтед се согласил да го отстапи Дармијан, а Наполи по завршувањето на сезоната ќе има обврска да го откупи неговиот договор.

Дармијан во тимот доаѓа на местото на Крстијан Маџо, која замина од Неапол. За местото крај десната аут линија ќе се бори со Хисај.

Scroll to Top