Top Sport

Давид Алаба на „бис“ со столчето за прослави

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа ја прославија новата титула во Шпанија, 35-та во Ла Лига во клупската историја. „Кралскиот клуб“ на домашен терен го победи Еспањол со 4:0 и на четири кола пред крајот на сезоната успеа да го освои пехарот.

По натпреварот играчите знаеја како да го прослават новиот трофеј и повеќе од еден час уживаа пред преполниот стадион „Бернабеу“, а потоа со автобус парадираа и низ улиците на градот.

Во центарот на вниманието беше Давид Алаба, кој летово дојде во Реал и веќе успеа да стигне до титулата шпански првак.

Австриецот го привлече вниманието на себе кога со столче се појави на теренот и во свој стил ја прослави титулата. Сепак, ова столче не случајно беше во рацете на Алаба на синоќешната прослава.

Имено, тоа е истото столче со кое славеше Алаба кога Реал Мадрид го исфрли ПСЖ од Лигата на шампионите. Тогаш прославата беше спонтана бидејќи никој не веруваше дека „кралевите“ успеа да се пласираат во следната рунда од ЛШ.

 

Scroll to Top