Top Sport

Давид Луиз на операција, во Арсенал се надеваат на враќање пред крајот на сезоната

Арсенал потврдија дека Давид Луиз бил на операција на коленото и дека полека ќе почне неговата рехабилитација, откако Бразилецот го пропушти 0:3 поразот од Ливерпул во саботата навечер, а менаџерот Микел Артета изјави дека не знае дали тој ќе се врати оваа сезона.

33-годишниот централен бек, сега е во трка со времето да се врати за „топчиите“, кои имаат уште осум меча од Премиер лигата и се во четврт-финалето на Лига Европа.

„Процедурата беше успешна и одам дома. Благодарам на сите пораки за поддршка и на медицинскиот тим. Ќе се бориме заедно, никогаш нема да се предадеме. Среќен Велигден“, напиша Луиз на Инстаграм.

Бразилецот има 29 настапи за Арсенал оваа сезона, и беше стартер во пет од последните шест меча на „топчиите“.

Scroll to Top