Top Sport

Проблеми во Челси – Ридигер исфрлен од тренинг по тепачката со Кепа

Менаџерот на Челси, Томас Тухел го исфрлил германскиот дефанзивец Антонио Ридигер од неделниот тренинг по неговата тепачка со голманот Кепа Аризабалага еден ден по засрамувачкиот 2:5 пораз од Вест Бромвич Албион.

Со овој пораз се стави крај на серијата од 14 меча без пораз од ангажирањето на Тухел, по што тренерот побара од неговите фудбалери бргу да реагираат, иако сигурно не очекуваше ваква реакција.

Според „Телеграф“, Ридигер ја загубил контролата на тренингот на Велигден и по еден старт над Шпанецот, почнала физичката конфронтација. Тухел решил дека неговиот сонародник Ридигер не е доволно смирен и го пратил дома.

Ова не е првпат Ридигер да биде поврзуван со тепачки и конфликти на тренинзите. Во јануари, тој заедно со Маркос Алонсо и Жоржињо беа обвинети дека прават „проблеми“ со конфликтите пред отказот за Френк Лампард и дека посебно се расправаат со капитенот Цезар Азпиликуета.

Scroll to Top