Top Sport

Давид Силва го игнорира Лацио, и се „додворува“ ли на „Старата дама“?!

Шпанскиот фудбалер од средниот ред, Давид Силва по цели 10 години го напушти премиерлигашот Манчестер Сити. Сите медиуми веќе објавија дека се договорил со италијански Лацио, но сега, медиумите на „Чизмата“ пишуваат дека наводно тој се предомислува.

Според наводите на „Спортмедиасет“, Силва го исклучил својот мобилен телефон и ги одбива повиците од челниците на Лацио, иако му преостана само уште лекарскиот преглед и потпис на договорот со „небесносините“.

Истиот портал наведува дека до пресврт дошло по назначувањето на Андреа Пирло за тренер на Јувентус. Иако „црно-белите“ од Торино имаат план за подмалување на екипата, оттаму сметаат дека Силва е предобар играч за да се препушти во клубот кој изминатите две години е сериозен конкурент во Серија А.

Останува да ја следиме разврската околу целата ситуација. Инаку Лацио му понуди на Шпанецот тригодишен договор вреден 12 милиони евра.

Scroll to Top