Top Sport

Има милиони, а живее со родителите, нема да се жени до крај на кариерата

Напаѓачот на Тотенхем, Хеунг-мин Сон (26) открива дека нема да се жени се додека не ја заврши фудбалската кариера. Така го советувал неговиот татко кој исто така бил фудбалер во Јужна Кореја.

„Апсолутно се согласувам со татко ми. Кога ќе се ожениш, тоа е семејство – жена, деца на прво место, а дури потоа доаѓа фудбалот. Јас сакам се додека играм на врвно ниво, фудбалот да ми е приоритет. Кога ќе се пензионирам или кога ќе имам 33, 34 години, и тогаш ќе можам да основам семејство и со него среќно да живеам“ – вели Сон.

Во разговор за „Гардијан“ тој открива дека живее во трособен стан заедно со родителите, иако заработува милиони.

„Додека бевме деца, татко ми не држеше по 4 часа на тренинг. Веќе после третиот час играње гледав повеќе топки, наместо една. Теренот беше црвен. Бев уморен. Постојат различни ставови во Азија и во Европа, но секако, луѓето си мислам: `Зошто живее со родителите?`. Сепак, тие се одрекле од сопствениот живот за да се преселат овде и да ми помогнат, морам да им ги вратам парите“ – смета фудбалерот од Јужна Кореја.

Scroll to Top