Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола потврди дека Давид Силва ќе ја има честа да биде капитен во последната сезона во Премиер лигата, но додаде дека Лирој Сане ќе биде во аут до март 2020 година.
33-годишниот Силва ќе ја дели капитенската лента со Фернандињо и Кевин де Брујне, но ако биде на теренот, тој ќе биде капитен, потврди Гвардиола. Шпанецот го заменува Винсен Компани, откако Белгиецот во текот на летото стана фудбалер и менаџер на Андерлехт.
„Давид Силва е новиот капитен, додека Фернандињо и Кевин де Брујне ќе му бидат помошници. Давид е сосема различна личност од Винсен, но ќе биде вистински капитен. Тој го знае клубот, лигата и сите го почитуваат“, вели Гвардиола.
Тој исто така потврди дека Сане кој го повреди коленото при мечот од Комјунити шилд против Ливерпул минатата недела ќе паузира шест-седум месеци.