Top Sport

„Фејк“ дресот на Хадерсфилд им донесе казна од федерацијата

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА) ќе го гони дисциплински тимот на Хадерсфилд таун, откако клубот носеше „фејк“ дрес во маркетиншки трик во соработка со обложувалницата „Педи Пауер“ на пријателски меч пред сезоната.

Хадерсфилд предизвикаа голем интерес на социјалните мрежи кога го објавија наводно официјалниот дизајн на дресот на кој со огромни букви пишуваше „Педи Пауер“, но второлигашот потоа призна дека се работи само за „шега“ во обид да се привлече внимание на сите реклами кои се појавуваат на дресовите на фудбалските тимови.

„Секако, има простор за спонзори во фудбалот, но дресот би требало да е свет. Затоа бараме другите спонзори да се приклучат на нашата кампања ’спаси го дресот’ и да врата на навивачите. Ние како спонзор го знаеме нашето место, и тоа не е на дресот“, објави „Педи Пауер“.

Сепак, овој обид за привлекување на внимание не наиде на одобрување на ФА, кои потврдија дека Хадерсфилд ќе одговараат за „прекршување на правилата за дресови“.

Scroll to Top