Top Sport

Давид Силва откри дека прерано родениот син се бори за живот!

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Давид Силва откри дека неговиот син е роден предвреме и дека се бори „ден за ден“, и дека тоа е причината поради која не е во составот на лидерите во Премиер лигата.

Шпанецот во последните неколку недели ретко се наоѓаше во составотн а Пеп Гвардиола, но во вторникот се врати при 3:1 победата над Ватфорд, во само втор натпревар од средината на декември. Тој ја објасни причината преку Твитер, велејќи дека синот Матео е роден предвреме.

„Сакам да Ви се заблагодарам на сите за љубовта и прекрасните пораки кои ги добивам последните недели. Посебна благодарност до моите соиграчи, до менаџерот и до клубот за разбирањето кое го покажаа. Сакам да споделам дека мојот син Матео, кој беше роден предвреме се бори ден за ден со медицинскиот тим“, напиша Силва на Твитер.

Менаџерот Гвардиола претходно изјави дека Силва не е во игра за враќање во тимот, сè додека самиот не одлучи така, велејќи дека се работи за лични причини. Тој додаде дека клубот ќе биде флексибилен околу шпанскиот фудбалер.

Scroll to Top