Top Sport

Камбек на играчот од 145 милиони евра

Најскапото засилување во историјата на фудбалскиот клуб Барселона, Осман Дембеле (20), по пауза од четири месеци набргу ќе се врати на фудбалските терени.

Барселона минатото лето го сруши клупскиот рекорд кога од Борусија Дортмунд го донесе младиот Французин. Трансферот изнесува 145 милиони евра (105 милиони Барселона ѝ плати на Борусија, а другите 40 милиони евра ќе ги исплаќа низ разни бонуси).

Дембеле се повреди на 16 септември на натпреварот против Хетафе во Мадрид. По четиримесечна пауза клубот најави дека тој ќе биде во тимот в четврток кога Барселона ќе гостува во Виго во рамките на купот.

Scroll to Top