Top Sport

Давид Силва разви фантастичен бизнис со вино

Шпанскиот ветеран, Давид Силва неодамна го продолжи договорот со неговиот омилен клуб, Реал Сосиедад на уште една сезона, по што целосно ќе се посвети на своето семејство и на развивањето на неговиот бизнис со вино.

Според „АС“, пред четири години поранешната ѕвезда на Манчестер сити, го отворил „Бодега Тамеран“, купувајќи фарма од речиси еден милион квадратни метри на Канарските Острови, со цел да добие висококвалитетно вино, и сега четири години подоцна, тој успеал во тоа. Тој произведува шест различни варијанти на бело вино, а шише „Бабосо“ од неговата компанија чини околу 170 евра во елитните европски ресторани. Неговата компанија произведува 10.000 шишиа вино кое се извезува во САД, Германија и Англија.

Покрај тоа, Силва инвестира и во туризам – тој има ексклузивен клуб во Амадорес, на југот на Канарските Острови и уште еден бар во Аргуинеги, како и мал хотел во Лас Палмас.

Scroll to Top