Давид Силва по завршувањето на сезоната ќе ги напушти Манчестер сити. Неколку месеци се шпекулира каде ќе ја продолжи кариерата 34 годишниот фудбалер. Најмногу тој се поврзуваше со Интер Мајами и италијанскиот великан Милан.
Англиските медиуми, во понеделникот, објавија дека Силва нема да се пресели ниту во САД, ниту во Италија туку дека тој сериозно размислувал да се врати дома во Валенсија.
Наводно Валенсија и Силва веќе ги започнале преговорите. Клубот од „Месталја“ му понудил тригидшен договор.
Доколку Силва ја прифати понудата тоа значи дека кариерата ќе ја заврши во клубот каде што дебитраше во сениорска конкуренција.
Давид Силва за речиси 30 милиони евра во 2010 година од Валенсија се пресели во Манчестер сити. Во кариерата за Валенсија тој има одиграно 166 натпревари на кои постигнал 31 гол и забележал 33 асистенции.