Шпанскиот ветеран, Давид Вилја ја заврши кариерата во американскиот Њујорк сити и сега е пред обединување со својот поранешен клупски колега Андрес Иниеста во Висел Кобе, јавува „Марка“.
Вилја и Иниеста играа заедно во Барселона и во шпанската репрезентација, а во Јапонија ќе работат под шпанскиот тренер Хуанма Лилјо.
Вилја останува најдобар стрелец на шпанската репрезентација со 59 голови, а во својата кариера играше за Спортинг, Сарагоса, Валенсија, Барселона, Атлетико Мадрид и Мелбурн сити. Тој пред неколку дена објави дека нема да остане со Њујорк сити и следната сезона, откако помина четири години во „големото јаболко“, каде што беше капитен на Сити и постигна 80 голови во 124 меча.