Top Sport

Фојц го „скроти“ Бивер Крик, тежок пад на Дресен (видео)

Швајцарија стигна до двојна победа на спустот во Бивер Крик, САД, откако актуелнит шампион од Светскиот куп во дисциплината, Беат Фојц успеа да го совлада Мауро Кавиецел пред норвешкиот ветеран Аксел Лунд Свиндал.

Фојц имаше слаб старт на вториот спуст од сезоната на силниот снег во Бивер Крик, но беше фантастичен во вториот дел од патеката за да поведе со 8 стотинки од секундата пред Свиндал.

Трката потоа беше прекината по тешкиот пад на германскиот ас Томас Дресен, а по паузата во која напаѓа доста снег на патеката, 30-годишниот Мауро Кавиецел беше фантастичен и на крајот заостана само 7 стотинки зад Фојц. Топ 5 го комплетираа Французите Адриен Тео и Јохан Клареј.

Scroll to Top