Прославениот холандски фудбалер, Едгар Давидс, ќе биде новиот тренер на Олханенсе, објави „А Бола“. Како што се наведува во текстот, поранешниот фудалер на Ајакс, Јувентус, Милан, Барселона, Интер и Тотенхем на клупата ќе го наследи Хосе Карлос Араухо.
Олханенсе, се натпреварува во португалската Трета лига, на табелата по првиот дел од сезоната овој тим е на четвртото место.
Давидс, во досегашната тренерска кариера, го предводел Барнет во Англија, а бил и помошник во стручниот штаб на Телстар во Холандија.