Top Sport

Давор Здравковски дебитант на списокот на Милевски, ги нема Николов и Спировски

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, го објави составот за претстојниoт квалификациски натпревар против Малта на 23. март, како и пријателскиот меч против Фарски Острови четири дена подоцна.

Давор Здравковски од АЕЛ Лимасол е дебитант во националниот тим, додека во репрезентацијата се враќа десниот бек на Шкупи, Владица Брдаровски.

Милевски одлучи да не ги повика поранешните стандардни репрезентативци, играчите од средниот ред Стефан Спировски и Бобан Николов поради слаба форма и мала минутажа.

„Подобри сме од Малта, но тоа ќе треба да го покажеме и на теренот. Во фудбалот одамна веќе нема фаворити и аутсајдери, сѐ треба да се заслужи“, изјави Благоја Милевски на прес – конференцијата.

Scroll to Top