Top Sport

ДАЗН: Не сака да биде заменет, Винисиус полуде на Алонсо

Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 во десеттото коло од Ла Лига. Со триумфот во „Ел Класико“, се издвои на врвот со пет бода предност пред својот голем ривал и актуелен шампион на Шпанија.

Едно од најголемите дербија беше бурно за време и по натпреварот, а по натпреварот, кој беше добар, особено во првото полувреме, најмногу се зборува за Винисиус Жуниор.

Крилниот напаѓач на Реал полуде во 71-та минута кога тренерот Чаби Алонсо одлучи дека мора да ја напушти играта за да биде заменет од Родриго.

Лут поради измената Винисиус кога излезе од теренот не се поздрави со соиграчите и веднаш замина во соблекувалната, подоцна сепак се врати на клупата.

„ДAЗН“, тврди дека во моментот кога му станало јасно дека треба да го напушти теренот, Винисиус рекол: „Го напуштам тимот… Си одам, подобро да си одам!“

Винисиус ги одигра сите 13 натпревари за Реал оваа сезона, од кои 10 во стартната постава. Тој беше заменет седум пати и секој пат кога мораше да излее од теренот беше незадоволен, пишуваат Шпанците и додаваат „но никогаш вака“.

„Јас? Јас? Тренеру, тренеру!“, извика Бразилецот со раширени раце, барајќи објаснување“, пишува „ДАЗН“ и додава: „Додека „седумката“ на Реал удираше во гради, следеше неговата последна експлозија – јасно кажано „Е.и се!“

Чаби Алонсо, од своја страна, се обидел да ја смири ситуацијата: „Ајде, Вини, доста е“.

Истиот извор додава: „За да помогне во смирувањето на конфликтот, Луис Љопис, тренерот на голманите, морал да оди во соблекувалната и да разговара со Винисиус. Тој успеал да го смири и Бразилецот се вратил на клупата со своите соиграчи неколку минути подоцна.“

На прес-конференцијата, тренерот на Реал објави дека проблемот ќе биде решен во рамките на тимот, зад затворени врати.

Foto/ EPA

Scroll to Top