Во „сенка“ на замената Алексис Санчез-Хенрик Мхитарјан помеѓу Манчестер јунајтед и Арсенал, лидерите во Премиер лигата, Манчестер сити објавија дека го продолжиле договорот со својот белгиски плејмејкер, Кевин де Бројне.
26-годишниот Белгиец сега е сигурен на „Етихад“ барем до 2023 година, и покрај тоа што претходниот договор му завршуваше дури во 2021. Оваа сезона тој има 6 гола и 10 асистенции и еден од фаворитите за титулата најдобар играч оваа сезона.
Тој останува рекордерот по трансферот во Сити, откако англискиот тим плати 55 милиони фунти да го добие од Волфсбург во август 2015 година. Претходно, Де Бројне играше во Генк, пред во 2012 да игра во Челси, каде што во две сезони не доби шанса.
„Како што кажав и претходно, мојата цел беше да останам во Сити, каде што се чувствувам како дома од првиот ден. Не само што победуваме, туку играме и добар фудбал. Вистинско задоволство е да се биде член на овој тим и возбуден сум од тоа што можеме да го оствариме во следните години“, изјави Де Бројне.
GET EXCITED! ?@DeBruyneKev has today signed a new contract at the Club!
INFO ▶️ https://t.co/NGc7Vqh62x #mancity pic.twitter.com/bj1YuseMgG
— Manchester City (@ManCity) January 22, 2018