Top Sport

Де Бројне: Карма за Погба? Не верувам во такви ср.ња!

Кевин де Бројне ја отфрли можноста отсуството на Пол Погба за дербито на Манчестер да е „кармичка правда“, откако Французинот контроверзно изјави дека се надева дека некој од клучните играчи на Сити ќе се повреди.

Пред мечот Арсенал-Манчестер јунајтед, кој гостите го добија со 3:1, Погба посочи дека Јунајтед за разлика од Сити, имале доста проблеми со повредите на почетокот на сезоната и поради тоа среќата ќе се сврти кога играчите на Сити ќе почнат да се повредуваат. Во мечот, Погба доби црвен картон за газење на Ектор Белјерин и сега го очекува суспензија од три меча, почнувајќи со големото дерби во недела на „Олд Трафорд“.

„Не верувам во такви ср.ња! Јас сум едноставен човек, но ако некој верува во карма, нека си продолжи. Не сакам никој да биде повреден. Ова е натпреварување, сакаш да играш против најдобрите тимови и најдобрите играчи“, одговори Де Бројне кратко.

Белгиецот вели дека не знае каков ќе биде планот на Јунајтед без Французинот.

„Погба е фантастичен играч, но ние ќе играме исто и таму. Не се менуваме и тоа ни дава поголеми шанси за победа. Јунајтед сакаат да ја освојат титулата и ќе бидат подготвени, но и ние ќе бидеме тука“, вели Де Бројне.

Неверојатно од Погба: Се надевам дека играчите на Сити ќе се повредат

Scroll to Top