Top Sport

Неверојатно од Погба: Се надевам дека играчите на Сити ќе се повредат

Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба направи неверојатно признание дека се надева дека играчите на градскиот ривал Манчестер сити ќе добијат неколку повреди на „најважните играчи“.

Разликата од осум поени меѓу Сити и Јунајтед на табелата беше направена благодарение на неверојатната низа на „граѓаните“ и напаѓачкиот стил на фудбал кој го преферира Пеп Гвардиола, но Погба вели дека разликата е дело на повредите на играчите на Јунајтед. Во момент на искреност ретко видена меѓу фудбалерите, Погба призна дека сака таа несреќа да дојде и во соблекувалната на Сити.

„Се надевам, а знам дека е лошо нешто да се каже, дека и нивните многу важни играчи ќе се повредат како што ни се случи нам. Луѓето не го гледаат тоа, не зборуваат за тоа, но секогаш кога важен играч ќе се победи, доаѓаат тешки натпревари. Затоа, ако тоа им се случи ним, тогаш ќе добиеме мала предност. Мала работа да ги направи послаби“, изјави Погба за „Фудбал фокус“.

Scroll to Top