Top Sport

Де Бројне: Мислев дека Стерлинг е кретен

Белгискиот фудбалер од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бројне признава дека сметал дека Рахим Стерлинг ќе биде „вистински кретен“ кога пристигна на „Етихад“ во 2015 година.

Двајцата фудбалери дојдоа во англискиот шампион летото по сезоната 2014/15, Де Бројне од Волфсбург, а Стерлинг од Ливерпул, како засилувања на тогашниот менаџер Мануел Пелегрини. Де Бројне дојде со лошо искуство во Челси, додека Стерлинг не го оствари својот потенцијал кај „црвените“. Сега, четири години подоцна, Де Бројне го сметаат за еден од најиновативните фудбалери од средниот ред, а Стерлинг е најдобриот англиски напаѓач.

„Пред да дојдам во Манчестер сити, не знаев што да мислам за тој Стерлинг. Не го имав сретнато, а од тоа што прочитав за него, мислев дека ќе биде многу поразлична личност. Не мислев дека ќе биде лош, но знаев дека го сметаат за арогантен и мислев ќе е вистински кретен. Но, со текот на времето станав поблизок со него. Нашите деца се родија во исто време и сега секогаш играат заедно. Тој е многу поразличен од тоа што можете да го прочитате во таблоидите. Рахим е еден од најдобрите, најскромните момци кои сум ги сретнал во кариерата“, вели Де Бројне.

Scroll to Top