Top Sport

Де Бројне сакал само еден англиски клуб, и тоа не Сити (видео)

Белгискиот ас, Кевин де Бројне е еден од најдобрите фудбалери на Манчестер сити оваа сезона, со фантастична форма и е еден од најголемите „виновници“ што тимот на Пеп Гвардиола е непоразен досега на врвот на Премиер лигата.

Со шест гола и девет асистенции, тој уште сега се промовира во еден од кандидатите за најдобар играч оваа сезона, но доколку го следел срцето немал да заврши на „Етихад“.

Едно старо интервју, како тогашен играч на Гент, тој открива кој му бил омилениот англиски клуб.

„Мојот омилен клуб секогаш бил Ливерпул. Најдобриот фудбалер е Мајкл Овен и навистина би сакал да играм таму“, изјавува Де Бројне.

Scroll to Top