Top Sport

Иниеста: На 33 години, не мислам кој може да ми го земе местото

Доаѓањето на Филип Кутињо во Барселона донесе голем број на шпекулации во шпанскиот печат, дека капитенот Андрес Иниеста воопшто не е задоволен и дека најверојатно ќе го загуби местото во стартните 11.

Ветеранот го демантира ова и вели дека доаѓањето на Бразилецот е добар знак за клубот и дека тој лично не е загрижен.

„Јас сум клупски играч и секогаш сум велел дека секој кој го имаме во Барселона мора да биде најдобар, а тој е еден од најдобрите. Се работи за голем талент кој дојде кај нас да биде подобар играч. Јас не сум загрижен за моето пензионирање или за губењето на местото во тимот, бидејќи тоа не е тема за мене и сакам да ги оствариме заедно целите. Кутињо не ме загрижува бидејќи е само еден играч, уште еден колега. Тренерот одлучува, но нема проблем меѓу колегите“, вели 33-годишниот Иниеста.

Иако сумата која Блауграна ја плати за поранешниот играч на Еспањол е огромна, Иниеста, кој дојде од славната школа на Барса вели дека тоа е модерниот фудбал.

„Тој е еден од најдобрите на својата позиција и играч каков што сакаме да имаме тука. Тој е брз, со многу вештини, добар со двете нозе и само ќе станува подобар. Цената е таква на овој пазар“, додава Иниеста.

Легендарниот играч не се ракувал со Кутињо

Scroll to Top