Top Sport

Де Бројне во аут три месеци

Кевин де Бројне нема да оди на операција на повреденото колено, но ќе биде во аут три месеци, потврди англискиот шампион Манчестер сити.

„Граѓаните“ потврдија дека Белгиецот ги оштетил задните лигаменти на десното колено, истото кое го повреди во полуфиналето од Лига купот против Евертон во 2016, по што пропушти 12 натпревари.

„Нема да биде потребна операција и фудбалерот од средниот ред ќе треба да се врати на терените за три месеци“, објавија Манчестер сити.

Де Бројне одигра половина час во 2:0 победата над Арсенал во неделата, откако лани имаше 8 гола и 16 асистенции како еден од клучните фудбалери на Пеп Гвардиола во рекордната сезона на Сити.

Scroll to Top