Top Sport

Пике доби „пауза“ од Барса за да го „среди“ Дејвис купот

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике доби дозвола од неговиот клуб да отпатува на Флорида за со луѓето од Интернационалната тениска федерација (ИТФ) да ги „испегла“ деталите околу реформата на Дејвис купот.

ИТФ го прифати предлогот на Пике за „реформа“ на Дејвис купот, со кој компанијата на Пике, „Космос“ ќе вложи 3 милијарди евра во спортот во следните 25 години.

„Ова е почеток на нова етапа која го гарантира легитимното место на Дејвис купот како натпреварување за нациите, прилагодено на барањата на професионалниот спорт на највисоко ниво. Голема чест е што сум дел од овој историски процес, на лично и на професионално ниво“, изјави Пике.

Од 2019, 18 нации ќе се натпреваруваат на еднонеделното финале на Дејвис купот, кое претходно Пике го нарече „Светско првенство во тенисот“. Трансформацијата наиде на многу реакции, дел од нив негативни.

Одобрена трансформацијата на Дејвис купот

Scroll to Top