Манчестер сити со победата од 2:0 на гостувањето кај Челзи ја запошна одбраната на титулата во Премиер лига.
Кевин Де Брујн (33), кој го одигра целиот натпревар како капитен. Белгискиот интернационалец летово беше поврзуван со клубови од Саудиска Арабија, но засега се чини дека ќе остане дел од тимот на Пеп Гвардиола. Неговиот договор важи до наредното лето.
Против Челзи, тој забележа 43 успешни додавања од 51 обид, што некои го протолкуваа како лош настап кога ги споредуваа тие бројки со други елитни играчи од средниот ред:
„Мислам дека „успешно додавање“ е најбескорисна статистика што постои. Можам да имам 96% точни додавања кои одат странично или наназад без да бидам опасен во играта. Тоа значи дека не направив ништо. Која е поентата?”