Манчестер сити се врати по шокантниот пораз од Вулверхемптон, со 2:0 победа над Шефилд јунајтед за да ја завршат 2019 година со победа, иако остануваат на огромни 14 поени зад Ливерпул на врвот на Премиер лигата.
По тешкото прво полувреме во кое Шефилд успеа да се бори рамноправно со актуелниот англиски шампион, отпорот беше скршен во 53. минута, кога по асистенција на Кевин де Брујне, Серхио Агуеро уште еднаш го покажа фантастичниот талент како напаѓач. Во 82. минута, Де Брујне со уште еден гол го крена Сити и ја потврди победата, за да има 7 гола и 12 асистенции во Премиер лигата.
Шефилд остануваат на респектибилното осмо место во Премиер лигата, откако пред гостувањето на „Етихад“ имаа низа од 4 победи и 1 реми. Тие се на само шест поени од топ 4 пласман.