Саудиските долари не успеале да ги убедат плејмејкерот на Манчестер сити, Кевин де Брујне и напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски на трансфер, тврди специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо.
Големи фубалски имиња ако Караим Бензема, Н’Голо Канте, Фабињо, Садио Мане, Габри Веига, Муса Дембеле, Жоржињо Вајналдум, Ријад Марез, Ајмерик Лапорт и Франк Кеси завршија во некој од четирите клубови поседувани од Саудискиот јавен инвестициски фонд (ПИФ), Ал-Хилал, Ал-Итихад, Ал-Ахли и Ал-Наср во еден од најчудните преодни рокови во последните години.
Но, Де Брујне, кој има уште две години од договорот со Сити и веќе има 32 години, решил да остане во европската елита и покрај неговите проблеми со повредите и несигурното место во првиот тим. Левандовски, кој е и постар со 35 години, лани постигна 23 гола во 34 меча за Барселона освојувајќи ја шпанската титула, а има уште три години од својот договор.