Top Sport

Де Брујне играч на сезоната во Премиерлигата

Премиер лигата го прогласи Кевин Де Брујне за најдобар играч оваа сезона. Сезоната во Англија ќе заврши утре, Сити ќе ја пречекаат Астон Вила и со победа ќе ја обезбедат титулата.

Белгиецот го повтори успехот од сезоната 2019/20 и така им се придружи на Тиери Анри, Кристијано Роналдо и Немања Видиќ во друштво на играчи кои неколкупати ја освојуваа наградата.

Одлуката за најдобриот во натпреварувачката сезона беше донесена со собирање гласови од јавноста, капитените на сите Премиерлигаши и група избрани фудбалски стручњаци.
Де Брујне наградата ја доби во конкуренција на Трент Александар-Арнолд (Ливерпул), Џерод Бовен (Вест Хем) , Жоао Кансело (Манчестер сити), Букајо Сака (Арсенал), Мохамед Салах (Ливерпул), Сон Хјунг Мин (Тотенхем и Џејмс Вард Праус (Саутемптон).

Scroll to Top