Top Sport

Де Брујне им донесе победа на Сити во првиот меч по казната на УЕФА (видео)

Манчестер сити со 2:0 го победи Вест хем во меч од Премиер лигата кој беше одложен поради бурата Кјара, во првата акција на „граѓаните“ по шокантната казна од 30 милиони евра и исфрлање од Лигата на шампионите во следните две сезони.

Де Брујне, кој е еден од фудбалерите за кои се шпекулира дека е блиску до излез од клубот посебно бидејќи неговата заработувачка е сврзана со резултатите на Сити во европските купови, повторно покажа дека е еден од најдобрите фудбалери од средниот ред во Премиер лигата, прво асистирајќи му на Родри во 30. минута, а потоа и самиот постигнувајќи гол во 62. минута.

Бидејќи Ливерпул се сигурно недостижни на првото место, главниот фокус на Сити е да се заддржи разликата пред третопласираниот Лестер, разлика која сега е четири поени. Вест хем пак, со поразот, остануваат на 18. место, во зоната за испаѓање со 24 поени, еден помалку од 17-пласираната Астон вила.

Scroll to Top