Кевин де Брујне признава дека го фрустрира адаптацијата на играта покрај белгиската репрезнтација за разлика од неговата добро позната шема по Пеп Гвардиола во Манчестер сити. Белгија го отвори Мундијалот со 1:0 победа над Канада во средата, но воопшто не импресионираше од играта, а Де Брујне кој ја доби наградата за најдобар на мечот призна дека не ја заслужил.
Во текот на мечот, тој беше јасно исфрустриран од неговите соиграчи и беше „фатен“ во дискусија со Тоби Алдервајрелд и селекторот Роберто Мартинез, а потоа не го прославуваше голот на Мичи Батшуаи.
„Знам дека понекогаш не реагирам најдобро на теренот. Но, тоа е така само бидејќи сакам да играме подобро и да извлечеме повеќе од играта. Емоциите се дел од фудбалот. Не можеме да играме како Манчестер сити и морам да се адаптирам на играчите кои се околу мене. Дали тоа ме фрустрира? Да, понекогаш, но треба да го покажувам тоа помалку. Мораме да научиме да реагираме поинаку“, вели Де Брујне.