Белгија и Русија од И-групата речиси го обезбедија пласманот на ЕУРО 2020. Холанѓаните лесно ја минаа Естонија, а Германија забележа значајна победа во Северна Ирска.
Кевин Де Брујне имаше блескав настап во Глазгов против Шкотска каде Белгијците и без Еден Азар победија 4-0. Играчот на Манчестер сити во првото полувреме ги намести головите што ги постигнаа Лукаку, Вермален и Алдервирелд, а во 82 минута самиот стави точка на натпреварот.
Русите се мачеа со Казахстан, а до победата стигнаа во претпоследната минута со голот на Фернандес.
Очекувана победа во оваа група забележа Кипар. Кипраните кај Сан Марионо славеа со 4-0.
На четири кола до крајот Белгија има 18, а Русија 15 бода, казахстан и Кипар се на седум, Шкотска на шест бода, а нула бодови има Сан марино.
Голема борба ќе се води во Е-групата за пласман на првите две места, откако денес Харватска одигра само 1-1 во Баку кај Азербејџан, а Словачка победи во Унгарија 2-1. Мак и Боженик беа стрелци на головите во победата на Словаците 2-1.
Хрватите водат на табелата со 10 бода, еден помалку имаат Словачка и Унгарија, Велс има шест и натпревар помалку, а Азербејџан се последни со еден бод.
Интерсна битка за првите две места до крајот на квалификациите ќе се води и во Ц-групата, иако тука се фаворити Холандија и Германија.
Холанѓаните по големата победа над Германија во минатото коло лесно си ја завршија работата во Естонија. Два гола во победата 4-0 постигна Бабел, а по еден Депај и Вајналдум.
Германците успешно го минаа тежкото гостување во Белфаст. Во второто полувреме со головите Хастенберг во 48 и Гнабри во 83 минута победија 2-0.
Германија и Северна Ирска имаат по 12 бода, Холандија со натпревар помалку има девет, а без шанси се Белорисија со три и Есотнија која е без бодови.