Top Sport

Де Брујнe летово ќе добие неверојатна понуда

Кевин Де Брујне (32) во летниот преоден рок ќе добие „неверојатна и многу богата понуда“ од неименуван саудиски клуб.

Италијанскиот новинар Николо Шира тврди дека Де Брујне ќе добие понуда да потпише до 2027 година. Овој извор не наведува колкава плата ќе му биде понудена на Белгиецот.

Де Брујне е еден од најдобрите фудбалери во светот и играч од средниот ред на Манчестер сити, со кого има договор до летото 2025. „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 60 милиони евра.

Да потсетиме, минатата година Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија (ПИФ) ги презеде четирите најголеми клубови во земјата: Ал Итихад, Ал Наср, Ал Хилал и Ал Ахли. Оттогаш бројни фудбалски ѕвезди ја напуштија Европа и заминаа во саудиската лига.

Де Брујне оваа сезона имаше проблеми со повреди, па забележа само 12 настапи. Со Сити освои 17 трофеи, два со Волфсбург и три со Генк.

Scroll to Top