Фудбалерот на Манчестер сити и Белгија, Кевин де Брујне е среќен што мора да игра во натпреварите од Лигата на нации.
Според календарот на УЕФА, почетокот на јуни е резервиран за натпреварите на националните тимови. Со оглед на згуснатиот календар и фактот дека се е подредено на претстојното Светско првенство во Катар, натпреварите од Лигата на нации ќе се играат во јуни.
Фудбалерите не го делат мислењето на УЕФА дека треба да се играат овие натпревар, особено што доаѓаат кога клупската сезона е завршена.
„За мене Лигата на нации нема никакво значење. Ова се само обични пријателски натпревари, кои доаѓаат по напорната сезона. Ги играме тие натпревари, но тоа се преценети пријателски мечеви“, изјави Де Брујне.
Белгија во А-дивизијата ќе се соочи со Холандија (3.јуни), Полска (8.јуни), Велс (11.јуни) и повторно со Полска на 14. јуни.