Манчестер сити ќе ја заврши сезоната без трофеј, исто така ќе остане и без капитенот Кевин Де Брујне, кој сè уште не знае каде ќе ја продолжи кариерата.
Веќе е познато дека белгискиот фудбалер ќе го напушти Сити и ќе започне ново поглавје во својата кариера, но сè уште не е познато каде ќе биде тоа. Чикаго Фаер и Наполи покажуваат интерес, меѓутоа, постои интерес и од клубови од Англија.
Де Брујне, зборуваше за на оваа тема по поразот во финалето на ФА Купот против Кристал Палас (1:0).
„Дали ќе останам во Англија? Зависи од тоа кој би дошол со понуда… Имам семејство, деца, морам да донесам одлука штоќе им одговара на сите. Одлуката е комплексна“, рече Де Брујне.
Постои интерес од северно-американската МЛС лига, а Де Брујне вели дека сè уште сака да игра фудбал на највисоко ниво.
„Разговарам со други клубови, да. Сакам да играм добар фудбал, каква и да е одлуката.“
Де Брујне го напушта Сити по десет години на стадионот „Етихад“.