Ѕвездата на Манчестер сити, Кевин де Брујне го откри „чудниот“ разговор со Жозе Мурињо кој предивикал Белгиецот да си замине од Челси.
Де Брујне имаше само три настапи во Премиер лигата за „сините“ во 2013/14, пред да биде продаден во Волфсбург во јануарскиот преоден рок. Година и пол подоцна, тој се врати во Премиер лигата со Манчестер сити и таму стана еден од најдобрите на светот.
29-годишниот Белгиец во интервју за магазинот „Фор Фор Ту“ објасни што се случило.
„Имаше многу во медиумите за моите односи со Жозе Мурињо, но вистината е дека јас зборував со него само двапати. И така планот беше да одам на позајмица малку. Жозе ме повика во канцеларијата во декември и тоа беше еден од моментите кои ми го променија животот. Имаше некои хартии пред него и ми кажа: ‘Една аситенција. Нула голови. Десет вратени топки’. Ми беше потребно време да сфатам што прави. Потоа почна да ги чита статистиките на другите: Вилијан, Оскар, Хуан Мата, Андре Ширле. И таму имаше – 5 гола, 10 асистенции, и така натаму. Тој чекаше нешто да му кажам, и му одговорив: ‘Тие момци одиграле 15-20 меча, јас само три, мора да е поинаку нели?’. Беше многу чудно. Му кажав: ‘Изгледа клубот не ме сака тука. Сакам да играм фудбал и подобро да ме продадеш’. Најдобрата одлука беше да одам на место каде што ќе почнам одново. Секако, не очекував да заврши вака, но тоа беше најнискиот дел од мојата кариера и не се сомневав во квалитетите“, вели Де Брујне.
Белгиецот има 249 настапи за Сити, две титули од Премиер лигата, ФА куп и 4 Лига купови по трансферот од 55 милиони фунти од Волфсбург.