Реал Мадрид стапил во контакт со менаџерот на Кевин Де Брујне, околу трансферот на Белгиецот на „Сантијаго Бернабеу“, тврдат британските медиуми.
Челниците на европскиот шампион веќе завршиле една рунда преговори со менаџерот Патрик Де Костер. Реал првично ги испитува моѓностите за трансферот на фудбалерот на Манчестер Сити.
Инаку, Де Брујне подолго време го следат и од ПСЖ, поради што Манчестер Сити се подготвува да му понуди нов договор, што значи дека играчот од средниот ред може да бира помеѓу овие три екипи.
26-годишниот фудбалер оваа сезона игра во врвна форма, веќе има учинок од пет гола и 10 асистенции со што дава огромен придонес во походот на непоразениот Сити кон титулата во Премиер лигата.
Де Брујне во Манчестер Сити е од 2015 година, кога англскиот тим на Волфсбург му плати сума од 75 милиони евра. Во кариерата бил играч и на Вердер, Челси и Генк.