Top Sport

Де Брујне „навреден“ од понудата од 280.000 фунти неделно, недостојна за најдобриот

Белгиската ѕвезда на Манчестер сити, Кевин де Брујне наводно ја одбил првата понуда за договор од клубот, бидејќи смета дека неделната плата од 250.000 фунти неделно е недоволна за „најдобриот фудбалер во Премиер лигата“, тврди „Тајмс“.

Де Брујне има уште две и пол години од договорот со „граѓаните“, но Сити сака да го обврзе да остане долгорочно на „Етихад“ како еден од клучните играчи во тимот.

Иако сумата од 280.000 фунти изгледа фантастично, сепак, во Премиер лигата има пет фудбалери кои заработуваат повеќе од него – Давид де Хеа од Манчестер јунајтед (375.000 фунти), отпишаниот Месут Озил во Арсенал (350.000 фунти), неговиот соиграч Пјер-Емерик Обамејанг (350.000 фунти), Рахим Стерлинг од Сити (300.000 фунти) и Пол Погба (290.000 фунти).

29-годишниот Белгиец ја освои наградата за најдобар играч во Премиер лигата минатата сезона и наградата на УЕФА за најдобар играч од средниот ред. Оваа сезона тој повторно е во одлична форма со 12 асистенции и 3 гола во 18 меча за Сити.

Scroll to Top