Top Sport

„Челичниот“ во кафез – дали Тајсон се подготвува за ММА меч?

Поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон ги зголеми шпекулациите дека следниот дуел ќе му биде во ММА кафезот, откако 54-годишниот ветеран сподели видео во кое спарингува во октагонот.

Тајсон се врати по долгогодишната пауза за егзибициски меч во осум рунди против Рој Џонс Јуниор во ноември, меч кој заврши нерешено и првилече огромен број на пеј-пер-вју гледања. По ова се зголемија шпекулациите дека неговиот следен меч ќе биде во кафезот, а неговио тренер, славниот бразилски ММА стручњак, Рафаел Кордеиро ги зголеми шпекулациите со ова видео.

„Тигарот Мајк Тајсон е во кафезот. Пазете се!“, напиша Кордеиро со видеото.

Претходно, Тајсон ја опишуваше УФЦ федерацијата како „секси“, но секогаш инсистираше дека парите се подобри во боксот.

„ММА ќе има повеќе гледања на Интернет и повеќе интерес, но боксот секогаш ќе носи повеќе пари за фајтерите отколку ММА“, вели Тајсон.

Scroll to Top