Фудбалската репрезентација на Италија со 2-1 денеска славеше против Белгија во дуелот за третото место во второто издание на Лигата на нации на УЕФА. „Ѓаволите“ освен што беа ослабени, денеска беа и крајно немтивирани, а Кевин де Брујне по мечот беше видно разочаран.
„Повремено игравме добро против две врвни селекции. Денеска игравме со многу изменет состав, со доста нови играчи кои одиграа добро. Добро е за нив што може да играат против вака силни екипи. За жал, изгубивме двапати. Сепак, ние сме само Белгија. Ни доаѓа нова генерација, а денес ни недостасуваа Еден и Ромелу. Мора да сме реални со составот кој го имаме. Италија и Франција имаат 22 врвни играчи, ние немаме“ порача играчот од средниот ред на Манчестер Сити.